Мицкоски: За името мора да има реферндум - лично сум апсолутно против промена

 

Народот мора да го каже конечното мислење дали оваа држава треба да се вика Република Македонија или некако поинаку,  истакна во вечерашната емисија „Во центар“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 Ако ме прашувате кој е нашиот став за името, тој став е непроменет, односно нашиот став е дека ниедна промена на името, односно ниедно решение кое што евентуално би било дел од некаков договор кое што оваа владејачка гарнитура со нашиот јужен сосед ќе го постигне, не може да биде одобрено без да претходно биде прашан народот, односно на референдум. Тоа е нашиот став, бил и ќе остане, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека народот мора да го каже конечното мислење дали оваа држава треба да се вика Република Македонија или некако поинаку.

– Јас лично како Христијан Мицкоски, апсолутно не сум за промена на уставното име на Република Македонија, така што тоа е мојот став и тој став ќе остане и во иднина, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

13.11.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега