Кастро демантира: Куба не потклекнува на притисокот на САД

 

 

Водачот на кубанската револуција Фидел Кастро ги демантираше информациите во медиумите дека Куба одбила да го прими Едвард Сноуден поради притисок од САД. 

- Никој нема право да зборува во името на Куба, изкави Кастро, додавајќи дека е восхитен од постапката на Сноуден.

Според него, Сноуден му направил услуга на светот, откривајќи ја „злобната политика на моќната империја, која го лаже светот“.

- Куба веќе 54 години е притив притисокот на САД и нема намера да се предаде, нагласи Кастро.

Западните медиуми претходно објавија дека Хавана и соопштила на Москва дека нема да дозволи слетување на авионот на „Аерофлот“, доколку Сноуден се наоѓа во него

28.08.2013 - 13:53

најчитано сега