ФОТО: Од Македонците не се бега - Лазаров налета на нашинци дури и во Доха
По победата над тунискиот првак Етуал Спортив де Сахел, ракометарите на Барселона добија слободна вечер. Лазаров и неговите соиграчи ја искористиле вечерта, па излегле на вечера во хотелот „Кемпински“ во Доха. На изненадување на нашиот ракометар, тој налетал на двајца Македонци Владимир и Елизабета.
Двајцата Македонци кои работат во далечниот Катар поразговарале со нашиот ракометар, ветувајќи му дека ќе стегаат палци за него и за неговата Барса во полуфиналните и финалните средби.
Барселона утре има редовен тренинг од 12:30 часот, а противник во борба за влез во финалето ќе му биде катарскиот претставник Ал Џаиш. ДУелот Барселона - Ал Џаиш ќе се игра утре вечер од 19:15 часот во Ал Гарафа арената во Доха.
28.08.2013 - 13:49
Фото:
lazarovkiril7.com