Чаир денеска избира градоначалник - како тече гласањето?

Гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се повторува гласањето од вториот круг на Локалните избори, започна навреме и се одвива непречено, информираат од Државната изборна комисија.

На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи. Вчера, ден пред повторувањето на гласањето од вториот круг на Локалните избори на избирачко место 2901 во општина Чаир гласаа болните и изнемоштени лица. Од пријавени три лица правото на гласање вчера го оствариле двајца гласачи.

Управниот суд, по жалба донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место. Разликата во Чаир меѓу кандидатите во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.

Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15 и на 29 октомври.

 

 

 

12.11.2017 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа