Хан: Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ

 

Додека Велика Британија оди кон излез од ЕУ, Западен Балкан врши притисок за отворање на вратата на Унијата. На пролет, може да биде дадено зелено светло од Брисел за отварање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, пишува австрискиот весник „Курир“.

Дека Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ, според весникот, потврдил и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан на средбите со новинари од регионот неделава во Тирана, пренесува МИА.

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер ја посочи 2025 година како можен термин за прием на нови членки на ЕУ, но според Хан, ниту една држава нема гаранција дека тогаш ќе се приклучи. Ако се поставува конкретерн рок, тоа може да биде опасност за земјите од Западен Балкан кои нема да го стигнат, да останат да чекаат и да назадуваат. Процесот на пристапување е тековен реформски процес, а која држава најпрво ќе се придружи, не е одлучено, им пренел Хан на новинарите во Тирана.

Во февруари, Комисијата ќе претстави стратегија за Западен Балкан за натамошно зајакнување на европерспективата и за неопходните реформи во регионот. Очекуваната позитивна оценка за Македонија и за Албанија, кои и се на вистинскиот пат, треба да обезбеди основа земјите членки на ЕУ да го отворат патот за започнување на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

Дека Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ, според весникот, потврдил и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан на средбите со новинари од регионот неделава во Тирана, пренесува МИА.

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер ја посочи 2025 година како можен термин за прием на нови членки на ЕУ, но според Хан, ниту една држава нема гаранција дека тогаш ќе се приклучи. Ако се поставува конкретерн рок, тоа може да биде опасност за земјите од Западен Балкан кои нема да го стигнат, да останат да чекаат и да назадуваат.

Процесот на пристапување е тековен реформски процес, а која држава најпрво ќе се придружи, не е одлучено, им пренел Хан на новинарите во Тирана.

Во февруари, Комисијата ќе претстави стратегија за Западен Балкан за натамошно зајакнување на европерспективата и за неопходните реформи во регионот. Очекуваната позитивна оценка за Македонија и за Албанија, кои и се на вистинскиот пат, треба да обезбеди основа земјите членки на ЕУ да го отворат патот за започнување на пристапните преговори со Скопје и Тирана. 

Позитивен момент кој бил насочен е позитивната клима меѓу Македонија и Грција со што се отвараат вратите за крај на грчката блокада.

 

 

 

 

11.11.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега