Европол ја уништи најголемата лабораторија за екстази во Европа

 

Белгиската полиција во соработка со европската полиција - Европол ја уништи најголемата илегална лабораторија за производство на синтетички дроги, кога било откриена во Европа и заплени големо количество хемиски супстанци за производство на екстази, соопшти денеска Европол.

По околу 30 полициски рации во Белгија, во Холандија и во Полска уапсени се 14 осомничени, а против 11 лица (девет мажи и две жени) е покренато обвинение за поседување, производство и трговија со наркотици.

Осомничените се од Белгија, од Бугарија и од Полска и се дел од организирана меѓународна криминална група.

Големата лабораторија за производство на дрога пронајдена е на фарма во близина на Шимеј, јужна Белгија

28.08.2013 - 13:25

најчитано сега