Најмалку 4 жртви во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

 

Во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Авганиста, чија мета беа странските војски, загинаа најмалку четири Авганистанци, а 15 се повредени.

Напаѓачот го активирал експлозивот што го имал на себе во Лашкар Гах, главниот град на авганистанската јужна провинција Хелманд.

- Мета на бомбашот-самоубиец беше конвојот на странски трупи во градот Лашкар Гах. Меѓу загинатите двајца се мажи, една жена и едно дете, изјави портпаролот на гувернерот на Хелманд, Омар Звак

28.08.2013 - 13:21

најчитано сега