Добила шамар бидејќи се прекрстила среде струшко Октиси

 

Постара жена од православна вероисповед си заработи шлаканица бидеќи се прекрстила среде селото Октиси, пренесува Дневник. Според весникот, шлаканица и удрил еден од жителите-муслимани.

Инцидентот се случил кога жената се прекрстила додека поминувала покрај локацијата на која сега треба да се подигне параклисот. Нејзиниот соселанец и порачал дека тука „не може да се крсти“. Полицијата му поднеле кривична пријава, но, според Дневник, во струшкото обвинителство ја отфрлиле.

 

28.08.2013 - 13:17

најчитано сега