Парламентот на Франиција на вонредна седница ќе расправа за ситуацијата во Сирија
Францускиот парламент на 4 септември ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за ситуацијата во Сирија, јави дописникот на МИА од Париз.
Министерот за односи со Парламентот, Алан Видали во денешното интервју за телевизијата ИТв соопшти дека парламентот е свикан на вонредна седница.
- Ќе има вонредна дебата и во Националното собрание и во Сенатот, најави министерот по денешниот министерски состанок на француската Влада.
Во текот на оваа седмица министрите за надворешни работи и за одбрана ќе бидат сослушани од надлежните комисии на францускиот Парламент.
Во Елисејската палата се одржа и состанок на Одбранбениот совет на француската држава посветен на кризата во Сирија.
28.08.2013 - 13:17