Иран ја предупреди Турција од последиците од евентуалната воена интервенција во Сирија

 

Иран ја предупреди Анкара од последиците ако Турција учествува во евентуалната воена интервенција во Сирија.

- Ги повикуваме турските пријатели да знаат дека евентуалниот напад врз Сирија ќе биде во интерес само на ционистичкиот режим, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Арагчи.

Тој апелираше до сите земји во регионот разумно да дејствуваат, нагласувајќи оти евентуалното меѓународно мешање во Сирија ќе го потресе Блискиот Исток и може насилството да го опфати целиот регион

28.08.2013 - 13:12

најчитано сега