ВМРО- ДПМНЕ: Повторување на „Пржино“ е непотребно и неприфатливо

 

Откако денеска Вајгл повика за дијалог во Жан Моне, ВМРО- ДПМНЕ испрати реакција со став дека е против ново „Пржино“

-ВМРО ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институциите, и во момемтов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби- велат од таму.

Повторување на „Пржино“ е непотребно и неприфатливо е ставот на ВМРО- ДПМНЕ на оваа тема.

-ВМРО ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на ,,Пржино,, во или надвор од Р. Македонија е непотребно и неприфатливо. Ние сме за разговари со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните имституции. За прашања како што е спорот околу името , остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма- стои во соопштението

ВМРО ДПМНЕ сеуште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме.
Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството.

 

 

 

 

10.11.2017 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега