Заев: Да ги славиме безусловната љубов, меѓусебното почитување и солидарноста

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, денеска, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.

-На сите православни верници на Македонската православна црква во Република Македонија и надвор од неа, упатувам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и мир во душата. Денот на чудесното вознесување на Мајката Божја и годинава нè потсетува на неизмерна и безрезервна љубов и мајчинска грижа, добрина, кроткост и трпеливост, но и дека патот кон правдата, вистината, хуманоста и меѓучовечката толеранција е вистинскиот пат по кој треба да чекори секој Христијанин, секој човек. Со славењето на денешниот празник и понатаму да ги славиме безусловната љубов, меѓусебното почитување и солидарноста. Само така ќе успееме да постигнеме унапредување на вредностите и принципите во нашето општество за доброто на сите генерации, стои во честитката од Заев.

 

28.08.2013 - 12:07

најчитано сега