ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги претвори граѓаните и државата во робови на Анѓушев
СДС ја претвори државата во приватна фирма, која работи за потребите на партијата и бизнис моќниците во врвот на власта. СДС безсрамно преку владата со парите на граѓаните ја плаќа царината за акумулаторите кои ги увезува фирмата на Анѓушев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС ја претвора државата и граѓаните во робови на мултимилионерот Анѓушев, кланот Заеви и бизнис моќниците блиски до власта, за со нивните пари и труд да ги зголемуваат сопствените богатства, плаќајќи ја царината за фирмите на Анѓушев.бСДС безсрамно ги лаже граѓаните со секое партиско соопштение. СДС се става во функција на портпарол на владата и невешто се обидува да ја правда одлуката на владата за ослободување од царина на акумулаторите кои во Македонија ги користи само фирмата на Кочо Анѓушев, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека животот кој го ветувале СДС донесе економска стагнација, огромно неосновано задолжување и инфлација за граѓаните, а полни џебови за моќниците од власта.
-СДС ги манипулира граѓаните и под превезот заштита на животна средина, воведува повисоки даноци кои ќе ги плаќаат најсиромашните, а даночни и царински ослободувања за најбогатите, тоа е еднаквоста и солидарноста која ја ветуваше СДС, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа