Ставрески и Ристовски ќе отвораат сали, пазари и игралишта низ Македонија
Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе го пушти во употреба градскиот пазар во Пробиштип и повеќенаменско игралиште во општина Македонска Каменица.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, пак, во Прилеп ќе присуствува на отворање спортска сала во средното општинско училиште „Ристе Ристески-Ричко“ и на поставување камен-темелник на спортска сала во основното училиште „Добре Јованоски“. Тие се дел од проектот на Владата за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.
28.08.2013 - 10:27