Ахмети: Односите со Атина и Софија добиваат конструктивна димензија

 

ДУИ е целосно определена да ги поддржи и предводи реформите во судството, системските реформи заедно со владеењето на правото и се треба да се фокусира во оваа насока, сега по завршувањето на изборите, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со американскиот амбасадор Џес Бејли. 

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале и за патот на Македонија кон НАТО и ЕУ при што лидерот на ДУИ рекол дека односите со Атина и Софија добиваат многу конструктивна димензија и соработка во духот на надминување на пречките и споровите. 

Ахмети и Бејли на средбата размениле мислења за актуелната постизборна состојба во земјата, системските реформи и евроатлантската интеграција на земјата. 

 

 

 

09.11.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега