На Италија и недостигаат 6000 пица мајстори
Италија во моментов се соочува со сериозен недостаток на пица мајстори и затоа се отворени 6000 работни места, покажуваат податоците на италијанската работна федерација. И покрај економската криза и високата стапка на невработеност, италијаните не сакаат да прифатат работа како пица мајстор, главно поради работното време и ниската плата. Овој занает денес нејчесто го работат странци, особено Египјаните, кои ги преземаа поголемиот дел од пицериите во Рим, Милано и Торино.
„Околу 80% од Египјаните на работа во Италија завршуваат како пица мајстори. Ние сме добри во тоа, затоа што навикнавме на тешка работа“, рекол угостителот Ал Викел, кој пред 12 години дошол од Каиро во Рим, каде што отворил сопствена пицерија.