Во Чаир ќе се прегласува - дали ДУИ ќе го загуби градоначалникот?

Во Чаир најверојатно ќе има прегласување во едно избирачко место на изборите за градоначалник. Како што јавува ТВ 21 Управниот суд прифати една од тужбите на БЕСА за ова избирачко место, па сега на потег е ДИК која треба да пресече, дали ова избирачко место може да ги смени резултатите од изборите на кои Висар Ганиу однесе тесна победа пред Зеќирија Ибрахими со 209 гласа предност.
Според она што е објавено во медиумите, станува збор за избирачкото место 2901 на кое се регистрирани 719 гласачи во избирачкиот список.
Со оглед на тоа дека бројот на регистрирани гласачи е поголем од разликата меѓу двата кандидати извесно е дека ДИК ќе донесе одлука за прегласување.
На ова избирачко место во вториот круг Ибрахими добил 164 гласа е Ганиу 98. Со оглед на тоа дека излезноста била само 38,66% останува доста простор за БЕСА преку ова избирачко место да го смени исходот во градоначалничката трка во Чаир.

 

 

 

 

 

06.11.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа