ВМРО - ДПМНЕ: Се што ние создававме СДС ќе сруши, но по нашето враќање на власт ќе биде обноведно

 

ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста и даде јавно ветување дека се што СДС ќе сруши и уништи од она што е создадено веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој кој сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.

-ВМРО-ДПМНЕ укажува дека политиката на пресметка или обид за собирање на политички поени на СДС преку отсранување на спомениците на композиција на светица која за време на својот живот била и добитник на Нобелова награда за мир, скопјанката Мајка Тереза или преку отстранувањето на обележјето на македонскиот војвода Андон Јанев Ќосето близок и многу доверлив соработник на Гоце Делчев, Даме Груев и Христо Татарчев, личност која сериозно го ризикувал својот живот за целите на македонската револуционерна борба за слобода, ќе биде чекор кој ќе внесе негативна енергија и нов раздор во македонскиот општество, се вели во соопштението.

 

ВМРО-ДПМНЕ им порачува на СДС да се фокусираат на градење наместо на рушење, на создавање наместо на уништување и на решавање на проблемите на граѓаните.

-Секојдневното говорење за реформи нема да и помогне на Македонија ако наместо спроведување реформи владата остане фокусирана на рушење и уништување, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

03.11.2017 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега