ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме прифаќање на решение за името без референдум

 

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи решение на спорот за името без референдум. По изјавата на Потпретседателот на Владата Бујар Османи, дека локалните избори се замена за референдум од ВМРО-ДПМНЕ велат дека веќе предупредиле на како што велат, сите штетни и антидржавни политики.

„ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на сите штетни и антидржавни политики на Зоран Заев и во континуитет укажуваше дека секој негов настап е лага и манипулација на граѓаните со која би се дограбил до власт и до позиција полесно да реализира нечии агенди.

          Класична лага во стилот на Заев е дека граѓаните на последните избори референдумски се изјасниле за промена на името и идентитетот.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ и уверуваат дека нема да дозволат менување на името без да се побара ставот на граѓаните.

          „ВМРО-ДПМНЕ во својата програма се обврза пред граѓаните дека нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.

          ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.

 

          ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референдумот да се согласни со можното решение.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

03.11.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега