Груевски ги повика мексиканските компании да инвестираат во Македонија

Пријателскиот однос кон бизнисот е една од поважните работи во Македонија. Ние сме мала земја и сакаме директна комуникација со инвеститорите ако се соочуваат со некои проблеми, истакна премиерот Никола Груевски, во обраќањето на бизнис форумот во Мексико Сити.

- Ако дојдете во Македонија и разговарате на пример со претставници на „Џонсон контролс“, која што ја изради првата фабрика во 2007, а во моментов ја гради и втората, или „Џонсон мети“, која што ја изгради првата фабрика во 2008, а моментно ја гради и втората, или „Ванхол“, која што моментно гради фабрика за автобуси коишто ќе се извезуваат во САД и во Европа или „Дрекселмаер“, германски производител на автомобилски делови, или „Кромберг и Шуберт“, исто така германски производител на автомобилски делови, или „Протек груп“, најголемата фармацевтска компанија од Русија, „Технохозе“ од Италија.... ќе видите дека се она што го кажав е навистина така. Тие отворено го кажуваат тоа на многу инвеститори кои доаѓаат во земјата и кои сакаат да направат проверки, а првата проверка ја прават со оние коишто веќе инвестирале во Македонија, рече Груевски.

Груевски изрази надеж дека бизнисмените од Мексико ќе најдат интерес да ја посетат Македонија.