Груби: На Македонија не и требаат нови избори
Пратеникот и претседател на Kомисијата за европски прашања, Артан Груби, смета дека на Македонија не ѝ се потребни уште едни избори, пренсе Макфкас.
Тој истакна дека периодот што следи мора да се искористи за да се испорачаат резултати од ветените програмски концепти, а институциите да се насочат кон реформската агенда.
„Општествените капацитети уште поактивно да се посветат на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија“, рече Груби.
Тој денеска се сретна со Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија..
Како што соопштија од неговиот кабинет, Винтон ги оценила локалните избори како компетитивни при што биле почитувани основните човекови слободи кои придонесуваат кон подобрување на демократскиот процес во земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа