Што со освоените мандати на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори?
Сите опции се во игра, кога станува збор за враќање на мандатите на пратениците и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, вели членот на извршниот комитет на партијата, Богдан Илиевски во интервју за Макфакс
„Во моментов разговараме и размислуваме за сите можни опции. Во дадена динамика, кога ќе имаме одреден маневарски простор... сите опции се отворени, за сите опции се разговара, не можам во моментов да Ви кажам ништо конкретно околу тоа“ – вели Илиевски за Макфакс.
За разлика од Илиевски, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски пред неколку дена рече дека и покрај тоа што партијата не ги признава изборите, не гледа причина, освоените мандати да бидат вратени.
„Не постои причина градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ што победија да ги враќаат мандатите, особено во вакви услови, бидејќи на тој начин само би им се помогнало на Заев и на СДС во узурпација на нивната волја и во реализацијата на нивниот план за обезбедување целосна власт и моќ за да може полесно да тргуваат со националните интереси“, изјави Котевски.
На последните локални избори ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички мандати во 5 општини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа