Села не го напушта Заев

 

Владината тројка, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ќе продолжи да функционира и понатаму. Официјално од Владата, како што објави телевизијата „Алсат М“, велат дека за каков било раздор немало, ниту ќе има дебата.

„Владата е еден систем, едно мноштво кое треба да се состои од единици кои имаат заеднички особини. Во конкретниот случај, ние се сметаме како реформска Влада и не гледам причина Алијанса за Албанците да не биде дел од оваа Влада, бидејќи ние сме се определелиле за реформи“, изјави шефот на изборниот штаб на Алијансата, Елми Азири.

И од СДСМ потврдуваат дека за заминувањето на Алијанса за Албанците не се расправало меѓу партнерите во коалицијата.

„Нема такво нешто. Коалицијата е врз основа на принципи и очекуваме да продолжи соработката во насока на спроведување на реформите во интерес на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Од ДУИ очекуваат продолжување на соработкатa меѓу трите партии, но не само на централно, туку и на локално ниво.

“Убедени сме дека граѓаните ги очекуваат реформи. Добра соработка со општините, исполнување на Охридскиот договор и членство во НАТО и во ЕУ. Ова е тоа што се очекува од нас додека за ставовите на Алијанса, тие само ќе ја објаснат нивната позиција, изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ“, Фатмир Бесими.

Интересно е дека Села по изборите ја обвини власта за притисоци врз гласачите и не ги призна резултатите. 

 

 

 

31.10.2017 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега