Сите 25.000 кандидати паднале на приемен испит за универзитет
Повеќе од 25.000 кандидати за упис на Универзитетот во Либерија паднале на приемен испит, пренесе тамошниот министер за образование велејќи дека ваквата ситуација претставува шокантна за него. Ниту еден од кандидатите не го положил испитот, а претставникот на Универзитетот за ББС изјавил дека на кандидатите им недостигало ентузијазам а ги немале совладано ниту основите од англискиот јазик.
Тамошните медиуми пренесуваат дека претставниците на институциите го признале поразот дека образовниот систем е хаотичен и потребни се коренити реформи и промени. И за нив претставува шокантна ситуацијата што ниту еден од кандидатите не успеале да го поминат испитот. Полагањето на испитот се плаќал по 16 фунти.
Ова е прв пат на овој универзитет, еден од двата со кој управува државата, да нема запишани студенти на првата година.
Студентите велат дека им се уништени желбите да студираат, а од Универзитетот се доследни во ставот дека нема да попуштат, под притисоците за уписот.