Формирана работна група за изготвување измени и дополнувања на ЗКП
Со решение на министерот за правда Блерим Беџети во Министерството за правда е формирана работна група за изготвување измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка.
Првата изолациона сесија на работната група, како што соопштија од ресорното Министерство, ќе се одржи во Маврово на 28, 29 и 30-ти овој месец.
Работната група е составена од проф. Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, државниот советник во Министерството за правда Нуман Лимани, претседателката на Врховниот суд на РМ Лидија Неделкова, јавениот обвинител на РМ Марко Зврлевски, претседателот на Адвокатската комора на РМ Никола Додевски, директорот на Бирото за јавна безбедност (МВР) Митко Чавков, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција Јован Илиевски, јавниот обвинител во Вишо Јавно обвинителство Битола Мери Тромбева, судијата во Основниот суд Куманово Маја Денковска, судијата во Апелацискиот суд Скопје Зоран Димитриевски, јавниот обвинител во Вишо јавно обвинителство Штип Тодор Витларов и проф. Гордана Бужаровска од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје.