Села не се откажува, трката за градоначалник во Струга отворена

Изборниот штаб на АА во Струга обжалил 10 претставки во Општинската изборна комисија за бројни неправилности што се направија вчера во изборниот процес во Струга од страна на кандидатот Рамиз Мерко и неговиот тим, пренесуваат албанските медиуми.

-Таканаречениот “Бугарски воз”, се применуваше од милитантите на ДУИ и Македонци кои во некои избирачки места, главно во македонските делови предизвикале неправилности во изборниот процес, пишува албанскиот портал „Журнал“.

 

Од Алијансата на Албанците велат дека трката во Струга останува отворена.

– Струга и на местата каде што се очекува по две недели да има повторено гласање, кандидатот на АА, Зијадин Села, се очекува да победи во Струга, бидејќи во тие избирачки места каде што се направени неправилностите, создадена е малата разлика од 600 гласови меѓу Мерко и Села, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Од седиштето на АА во Струга велат дека тие имаа и документирани аргументи, и дека ги известиле надлежните организации и ОБСЕ за неправилности во Струга од страна на ДУИ и СДСМ.

 

 

 

30.10.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега