Извадете ја зимската облека - од утре температурите во минус

Од утре во Македонија времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата, соопшти Управата за Хидрометеоролошки работи.

Најстудено ќе биде во среда кога утринската температура ќе се спушти до минус шест степени.

 

Од УХМР за во петок најавуват умерено наоблачување. Утринските температури ќе бидат малку повисоки и ќе се искачат до пет степени.

За време на викендот минималната утринска температура ќе изнесува минус три, а максималната дневна температура ќе достигне 20 степени. 

 

 

 

30.10.2017 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега