Џафери: Ме радува што атмосферата е мирна и граѓаните имаат можност да гласаат европски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по гласањето во родното Форино, гостиварско, даде изјава за медиумите во која на граѓаните им честита на како што рече европскиот начин на гласање.

– Ме радува фактот што атмосферата е мирна и што граѓаните имаат можност да гласаат европски. Тоа е придобивка на политичкиот систем во Република Македонија со која граѓаните слободно ја изразуваат нивната слободна волја. Се надевам дека до крајот на денот ќе биде вака како што и започна изборниот процес.

Во тој контекст сакам да им честитам на граѓаните за нивниот однос и на претендентите што ќе ја добијат нивната доверба. Овој тренд радува и сакам уште еднаш да им честитам за ваквиот начин на гласање и дека тоа ниво ќе се задржи и понатаму, изјави Џафери.

 

 

 

29.10.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега