Излезноста во општина Могила до 17 часот

 Општинските изборни комисии од Могила и Новаци информираа дека гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од локалните избори се одвива без проблеми и привршува, а во 19 часот ќе бидат затворени сите избирачки места.

Во општина Могила се гласа на 23 избирачки места, а до 17 часот гласале 49,3 насто од вкупниот број на избирачи кој во општина Могила според единствениот избирачки список има 5.520 гласачи.

Во општина Новаци до 17 часот гласале 63,3 насто од  3.076  гласачи евидентирани на единствениот избирачки список. На подрачјето на општина Новаци се гласа на 24 избирачки места. 

 

 

 

29.10.2017 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа