Во Тетово гласањето без нарушувања, најмала излезност во Јегуновце 12 отсто

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден во Тетово и останатите четири рурални општини во тетовско изминува мирно без нарушувања на изборниот процес.

Претседателите на општинските изборни комисии од регионов велат дека излезноста главно е на ниво од првиот круг.

Најмалку гласачи до 13 часот имало во општина Јегуновце каде 12 отсто од бирачите го искористиле своето право на глас, а најбројни се во Желино 22 отсто. Во Боговиње процентот на излезност е 21, во Теарце гласале 17,7 додека во Тетово 19 отсто од гласачкото тело го остварило правото на глас.

Споредувајќи ја денешната со излезноста до 13 часот во првиот изборен круг, поголем број избирачи во вториот круг го оствариле гласачкото право до пладневните часови, освен во општина Јегуновце, каде за три посто е помала излезноста.

Во Тетово, Теарце, Боговиње и Брвеница бројките се повисоки од еден и пол до три отсто, а најголем раст на излезноста во споредба со првиот изборен круг до 13 часот има во општина Желино од 4,5 проценти.

 

 

 

29.10.2017 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа