До 10 часот во општина Могила гласале 7 насто, а во Новаци 15,4 насто од гласачите

Општинските изборни комисии од Могила и Новаци информираат дека гласањето за избор на градончалник во вториот круг од локалните избори се одвива демократски и без проблеми.

Во општина Могила се гласа на 23 избирачки места, а до 10 часот гласале седум насто од вкупниот број на избирачи кој во општина Могила според единствениот избирачки список има 5.520 гласачи.

Во општина Новаци до 10 часот гласале 15,4 насто од  3.076  гласачи евидентирани на единствениот избирачки список. На подрачјето на општина Новаци се гласа на 24 избирачки места.

 

 

 

29.10.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа