Навреме почна гласањето во Виница, Зрновци и Чешиново Облешево

 

Вториот круг од гласањето на локалните избори 2017 година во општините Виница, Зрновци и Чешиново Облешево почна точно навреме во 7 часот.

Отворени се сите избирачки места, а гласањето се одвива во мирна атмосфера.

- Во општина Виница денеска во вториот круг од гласањето во единствениот избирачки список се запишани 17.354 граѓани со право на глас кои ке можат да гласаат на 33 избирачки места. Гласањето започна навреме без проблеми, изјави Ацо Ѓоргиев претседател на ОИК на Виница.

Во општина Зрновци, според изјавата на Светлана Димитрова претседател на ОИК, на четири избирачки места денеска се очекува своето право на глас да го искористат 2.628 граѓани.

- Во општина Чешиново Облешево гласањето почна навреме во сите 13 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 5.695 избирачи, истакна Весна Ѓорева Малинова, претседател на ОИК од општина Чешиново Облешево.

И во оваа општина гласањето се одвива без проблеми

 

 

 

29.10.2017 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега