Од полноќ стартува изборниот молк

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела, а за градоначалничката функција ќе се избира меѓу 70 кандидати. Од скопските општини втор круг ќе има во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај и Шуто Оризари. 

Во Кисела Вода, граѓаните ќе бираат меѓу Филип Темелковски од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, во Гази Баба меѓу Борис Георгиевски од СДСМ и Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ и во Бутел меѓу Велимир Смилевски и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.  

Во скопски Чаир и во Сарај битката ќе се води меѓу кандидатите на ДУИ и БЕСА. Во Чаир за градоначалничкото место, кандидати се Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибрахими од БЕСА, а во Сарај, Блерим Беџети од ДУИ и Башким Бакиу од БЕСА.

Во Шуто Оризари, пак, во вториот круг се кандидатот на СДСМ, Курто Дудуш и кандидатот од Сојузот на Роми, Елвис Бајрам.

Од поголемите општини низ државата, втор круг ќе има во Штип каде ќе се избира меѓу актуелниот градоначалник Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Бочварски од СДСМ, во Кавадарци меѓу Бетиане Китев од СДСМ и Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово меѓу актуелната градоначалничка Теута Арифи од ДУИ и Биљал Касами од БЕСА, во Гостивар меѓу Невзат Бејта од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса на Албанците и во Струга меѓу Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Рамиз Мерко од ДУИ.

Втор круг ќе се одржи и во Виница меѓу кандидатот на СДСМ Ивица Димитров и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов, во Градско меѓу Роберт Бешовски од СДСМ и Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ, во Демир Капија меѓу Лазар Петров од СДСМ и Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, во Јегуновце меѓу Дарко Блажевски од СДСМ и Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, како и во Карбинци меѓу Јордан Насев од СДСМ и Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалник ќе се избира и во Македонска Каменица меѓу Соња Стаменкова од СДСМ и Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ, во Македонски Брод меѓу Живко Силјановски од СДСМ и Милосим Војнески од ВМРО-ДПМНЕ, во Росоман меѓу Бранко Јанев од СДСМ и Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ, во Старо Нагоричане меѓу Жаклина Јовановска од СДСМ и Елена Јаќимовиќ од ВМРО-ДПМНЕ и во Чашка меѓу Горан Стојановски од СДСМ и Горанчо Пановски од НДМ.

Во општина Могила во трката за градоначалник се Стево Пивковски од Група избирачи и Јасмина Гулевска од СДСМ, а во Зрновци, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Блажо Станков и кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев. Градоначалник во вториот круг ќе се избира и во Новаци меѓу Лазар Котевски од ВМРО-ДПМНЕ и Љубе Кузмановски од СДСМ, во Пробиштип меѓу Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ и Драган Анастасов од СДСМ, во Брвеница меѓу Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ и Мирко Стојановски од СДСМ, во Чешиново-Облешево меѓу Горанчо Зашов од ВМРО-ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ, во Боговиње меѓу Берзах Бејтулаху од ДУИ и Аљбон Џемаили од Алијанса на Албанците, во Врапчиште меѓу Гајур Рушити од ДУИ и Исен Шабани од Алијанса за Албанците. 

Градоначалник ќе се бира и во Дебар меѓу Ружди Љата од ДУИ и Арбен Аголи од Алијанса на Албанците, во Долнени меѓу Џемил Ќамили од ДУИ и Билал Каришиќ од СДСМ,  во Желино меѓу Фатмир Изаири од ДУИ и Бљеим Сејди од БЕСА, во Липково меѓу Еркан Арифи  од ДУИ и Шабан Зендели од БЕСА, во  Теарце меѓу Исен Асани од ДУИ и Амир Ељези од БЕСА и во Студеничани меѓу Азем Садики од ДПА и Реџеп Мемеди од БЕСА.

 

 

 

27.10.2017 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега