Заев: Чаир пример за мултиетничност, Ганиу е лицето на едно општество за сите

Чаир е пример на мултиетничност, Висар е лицето на едно општество за сите. Овој концепт го градиме мудро и посветено, го препозна цела Македонија, мора да го препознае и знам дека го препознава и општина Чаир. Да не дозволиме повеќе национализми, победата ќе блеска како што му личи на Чаир, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, попладнево во скопската општина Чаир.

Заев рече дека Чаир преку програмата на Висар Ганиу има можност да се развива во урбана општина и гордост на сите.

- Зарем има повредно од инвестирање на парите на граѓаните во вистинските потреби. Дел од Чаир нема вода, дел нема канализација. Висар има амбициозна програма, решавањето на сообраќајниот режим, капиталните проекти, градинки, училишта, тоа е иднината.

Според Заев, потребни се чесни политичари кои ќе ги слушаат граѓаните, како и дека согласно новиот буџет, веќе се вградени пари за Чаир и за Град Скопје.

- Нашата опција е Висар Ганиу кој ќе биде градоначалник на сите граѓани и заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе донесе живот за сите во Чаир и во Скопје. Во недела да заокружиме број три и да прославиме живот за сите, порача Заев на митингот во скопската општина Чаир.

 

Кандидатот за градоначалник на ДУИ Висар Ганиу, од своја страна истакна оти ги прифатил идеите на граѓаните и оти тие се веќе во програмата, а критиките помагаат да се избере вистинскиот пат. 

 

 

 

27.10.2017 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега