Захариев: Со работа го променивме ликот на градот, нема сила што ќе ги уплаши граѓаните на Штип да не излезат да гласаат

Ние веќе покажавме дека за 4 години може да се завршат 450 проекти, покажавме дека со еден макотрпен труд, со многу посветеност на мене и моите соработници можеме да го промениме ликот на овој град. Покажавме дека имаме одлична кампања, дека имаме прекрасна програма, покажавме дека нашите политички конкуренти немаа програма, кои на карајот почнаа да се сликаат и да прават спотови со нашите проекти кои до претходно ги негираа, истакна кандидатот за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев.

 

-На мене не ми е противник малиот Бочварски, јас си имам работа со целата државна машинерија на чело со премиерот Заев, со сите негови министри и заменици, директори во третиот ешалон, со целокупниот потенцијал на МВР кој овие денови врши тортура на нашето членство, на претседателите на месните комитети, упаѓаат кај директорите на јавните претпријатија со налози на Јавното обвинителство, таков притисок не се памти во историјата, рече Захариев и додаде:

„Нема сила што може да го промени ставот на нашите штипјани дека ќе гласаат за бројот 13, тука нема дилеми. Нема сила што ќе ги уплаши граѓаните на Штип да не излезат да гласаат и нема пари со кои можат да ја платат победата.Убеден сум дека се она што го направивме е гаранција дека ќе продолжиме да градиме понатаму“.

 

 

 

27.10.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега