Трајковски: Најголемиот трговски центар ќе се гради во Гази Баба и ќе донесе 1.000 вработувања
Нова инвестиција во Гази Баба
Општина Гази Баба со својата транспарентност и визибилност кон деловниот сектор, е една од ретките општини во Република Македонија која има добиено сертификат за Бизнис Пријателска Општина, со што се отвораат можности за голем број на странски инверстиции.
Една од тие инвестиции која деновиве се најави во општината, е инвестицијата од Компанијата „Скопје Ист Гејт“, која на празниот простор кај Скопскиот саем планира да изгради повеќенаменски комплекс со најголем трговски центар во Македонија, станбен комплекс и канцелариски парк, на земјиште со површина од 155.000 м2.
Вкупната инвестиција во период од 5 -7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, со што ќе се отворат над 1000 нови работни места.
(ФБ статус на Тони Трајковски)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа