ВМРО-ДПМНЕ: Животниот стандард на граѓаните константно се намалува

 

СДС откако е на власт за овие 5 месеци единствено што направи е уништување на економската клима во Република Македонија. Зоран Заев и неговиот министер за задолжување Тевдовски ги зголемија даноците преку воведување на нови давачки. Полека но сигурно Заев со својата расипничка политика Македонија ја турка во економски крах, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните ги почувствуваа на својот грб овие погубни политики на владата на СДС. Граѓаните се на работ на егзистенцијата, трошоците растат, а платите се намалуваат. СДС успеа за краток временски период да ги стопира сите капитални инвестиции кои ги започна владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а македонската економија ја втурнаа во целосен колапс. Катастрофалните економски политики на владата на СДС придонесе за падот на просечната плата за 0,7%. Се намалија платите, започна да расте сиромаштијата и невработеноста, запре покачувањето на пензии, целата држава започна да тоне, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

 

„Животниот стандард на граѓаните константно се намалува, а раководството во владата на СДС и Заев инкасираат милионски суми на нивните сметки. Додека неспособната влада на СДС ужива во луксуз и раскош, граѓаните на Република Македонија повторно ќе ги преживуваат мрачните времиња на криминалната транзиција на СДС. Оваа влада полека но сигурно не враќа во 90-тите. Се што СДС прави на економски план е спротивно од интересите на граѓаните, а во полза на врхушката на власта“.

 

 

 

27.10.2017 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега