Заев: Заедно ќе ги решиме проблемите на сите граѓани
Заедно сме, сплотени. Концептот е едно општество за сите. Само заедно може да ги решиме проблемите, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓани во село Шемшево, општина Јегуновце.
Тој рече дека во 21 век мора да има чиста вода, да се реши проблемот со септички јами до бунарите за вода, децата да не газат во кал и да се разболуваат и дека овие проблеми ќе се решат.
- Регионално мора да ја поврземе општина Јегуновце, за да има инвеститори општината и да има развој. Конечна цел ни се работни места, посебно за младите луѓе. Овде голем дел од граѓаните живеат од земјоделство, субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци. Интервениравме да го спасиме Југохром, ќе има и филтри и на пролет вработените ќе се вратат на работа, тоа се прави со политики на грижа за сите граѓани, рече претседателот Заев.
- Барам поддршка за Дарко Блажевски од сите граѓани, независно од етничката припадност. Тој ќе им служи на сите граѓани - повика претседателот Заев.
За поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Јегуновце, Блажевски, во име на ДУИ повика и Абдулаќим Адеми.
- Оваа наша земја има перспективи, ќе работиме чесно и ќе дадеме резултати. Во недела на 29 октомври сите да заокружиме 19 за живот во Јегуновце како во цела Македонија - рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓани во Јегуновце.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа