Жената на постариот Царнаев вмешана во бостонските напади
Истражителите на бомбите поставени во нападот на маратонот во Бостон откриле женска ДНК. Се уште не знаат чија е, ниту пак дали истата им помагала на двајцата браќа. Службениците предупредуваат дека има повеќе објаснувања како женската ДНК се нашла на бомбата. На пример контактот со материјалот кој браќата Царнаев го користеле за изработка на експлозивот, да биде допрен од страна на продавачката или пак може да станува зборз за влажна коса која случајно завршила на бомбата. Агентите на ФНИ повторно ја посетија куќата на родителите на Кетрин Расел, вдовицата на Тамерлан Царнаев, кој е убиен во пресметка со полицијата четири дена по бомбашките напади. Кетрин Расел изјавила дека се наоѓала кај нејзините родители додека инцидентот се случил, а нејзиниот адвокат изјавил дека ќе направи се за да помогне во истрагата.