Лебот ќе го купуваме за десетина проценти поевтино?

 

Мелничарите најавуваат намалување на цената на лебот за десетина проценти до крајот на годинава. Услов за ова е прво да се ослободат од огромните залихи на брашното во магицините, но и да произведат ново поевтино по што ќе биде направена корекција на цените, пишува Сител.

Од домашната реколта откупени се дури 90 отсто од родот по просечна цена од четиринаесеттина денари за килограм. Но, сепак ќе недостасуваат околу 150 илјади тони лебно зрно кои секоја година ги увезуваме. Токму со таа пченица производителите ќе прават математики како да испечат за некој денар поевтин леб, бидејќи истата е далеку поквалитетна и со пониска цена од откупената.

Проблеми во математиките на пекарите може да им направи само нелојалната конкуренција од странство со евтиното брашно кое би се увезло пред домашните млинови да ги распродадат сопствените залихи.

Извор: Сител

27.08.2013 - 10:26

најчитано сега