СДСМ е задоволен од денешниот изборен процес

Задоволни сме од целиот денешен изборен процес. Се гласаше слободно и без притисоци. Очекуваме сите учесници во изборите со своето однесување да придонесат да се задржи фер и демократската атмосфера и после гласањето. Резултатите ќе потврдат дека треба промена. Вечерва победува Македонија и нејзините граѓани, изјави вечерва на прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

- Засега немаме информации за првичните резултати. Постојано пристигнуваат информациите и со првите пресеци веднаш ќе ја известиме јавноста. После една деценија прв пат имавме фер, слободен и демократски процес. Ако Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имале други индиции требало да ги пријават, а дали ќе ги признаат резултатите од изборите оставаме на нив - нагласи Кирацовски одговарајќи на новинарски прашања. 

 

 

 

15.10.2017 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега