Експлозијата во Прага причинила материјална штета од 400.000 евра
Експлозијата, која вчера се случи во зграда во центарот на Прага направила штета од околу 400.000 евра.
Четирикатниот дом, во кој се сместени канцеларии на повеќе компании и кој е во сопственост на државна фирма, експлодираше околу 10 часот изутрината и според полициски извори причината за тоа е истекување на плин од гасоводната мрежа.
За жал, во трагедијата повредени се 43 лица.