Чадиев: Социјално загрозените семејства и лицата со посебни потреби нема да плаќаат сметки за вода и комуналии

 

Ослободување од плаќање на сметки за вода и комунални трошоци за социјално загрозените семејства и лицата со посебни потреби и отпишување на утужен долг, најави денес кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Велес, Славчо Чадиев кој е и актуелен градоначалник.

-Во изминатиот период покажавме голема грижа и одговорност за сите категории на граѓани кои имаат потреба со цел олеснување на нивниот живот. Сепак, таквата помош најпотребна им е на социјално загрозените семејства. Семејства кои живеат на работ на егзистенцијата. Со цел да им излеземе во пресрет како посебна мерка ние ја предвидуваме: Ослободување од плаќање на сметки за вода и комунални трошоци за социјално загрозените семејства и лицата со посебни потреби и отпишување на утужен долг. Оваа мерка ја ветуваме и нејзината реализација ќе ја започнеме веднаш. Веднаш по добивањето на мандатот од граѓаните, на првата работна седница на Совет на Општина Велес ќе предложам посебна точка за оваа мерка и заедно со новото советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истата ќе ја усвоиме, истакна Чадиев.

Тој потенцира дека има план како сето тоа да го спроведе и ќе го спроведе. Ќе се формира комисија која, по однапред утврдени критериуми, точно ќе го определи целиот опфатот на корисниците на мерката за ослободување од плаќање на сметките за вода и комунални трошоци и отпишување на утужениот долг спрема ЈКП Дервен.

-Врз основа на податоците од нашата досегашна соработка со Центарот за социјална работа, од оваа наша нова мерка корист можат да имаат до 1 000 домаќинства од нашиот град. Сакаме уште еднаш да ја повториме нашата цел и намера со оваа мерка, а тое е дека со отпишувањето на долгот спрема Дервен, оваа група наши сограѓани ќе добијат нова шанса да започнат од почеток. Сметаме дека тоа е најефикасниот начин, без долгови, во иднина да започнат да напредуваат, а не да стојат во место. Социјалната заштита има значајно место во изборната програма „Нова ера за Велес“.Покрај мерката која ја споменавме, ние исто така, во наредниот четиригодишен мандат ќе реализираме и други проекти, рече Чадиев.

Тој ја истакна важноста на следниве проекти кои се дел од неговата нова програма: Реконструкција, адаптација и пренамена на зградата на поранешнот ОУ ЈХК Џинот во Центар за лица со посебни потреби и детска градинка, нови детски градинки, отворање на дневен центар за стари лица, изградба на пристапни патеки за хендикепирани лица, обезбедување пункт за бездомни лица, реконтрукција и оплеменување на дворното место во дневниот центар за лица со ментална и телесна инвалидност, промовирање и јакнење на улогата на Локално економски социјален совет, клуб за поддршка на лекувани алкохоличари.

Од граѓаните ја побара довербата на 15-ти октомври посочувајќи им да го заокружат бројот 13.

 

 

 

12.10.2017 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега