Подобрување на вработувањето на жените од етничките заедници

 

Во Штип денеска пред бизнисмените ќе биде презентиран проектот за подобрување на можностите за вработување на жените од етничките малцинства во Источниот регион.

Проектот е дел од четвртата компонента на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија. Носител на проектот е Македонската развојна фондација за претпријатија, а партнери се Сојузот на стопански комори и невладината органзиација „КХАМ“ од Делчево.

На презентацијата најавено е присуство на претставници од Сојузот на стопански комори и од Македонската развојна фондација за претпријатија.

најчитано сега