ВМРО-ДПМНЕ Дебрца го осуди вчерашниот инцидент и повика институциите да го расчистат случајот

Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца, кандидатот за градоначалник и кандидатите за членови на совет најостро го осудија насилството и вчерашниот инцидент во просториите на изборниот штаб во село Требеништа.

Тие ги повикаа надлежните институции да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите на Република Македонија.

Синоќа во изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ во село Требеништа, лицето Ф.П.М. се обидел да силува сопартијка К.П. која е кандидат за советник во општина Дебрца од истата партија.

 

 

 

08.10.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега