Вељаноски: СДС ја изложи на потсмев и презир македонската национална историја, се нафрли и врз филмската фела

 

Катастрофалните трендови кои ја урнисаа македонската култура во изминатите четири месеци, кулминираа со последното тешко понижување на филмските уметници и македонската филмска индустрија, обвинува Роберт Вељаноски.

-Откако погази и понижи се што беше вредно во областа на заштитата на културното наследство – како основа на македонското достоинство, откако ја изложи на потсмев и презир македонската национална историја и откако се согласи на нејзина понижувачка ревизија од страна на соседите, Алаѓозовски и неговиот ментор Зоран Заев се нафрлија врз филмската фела. Со одлуката Република Македонија да нема свој претставник во трката за престижниот Оскар на Американската филмска Академија, Алаѓозовски и Заев ги понижија  филмските работници во земјава и ја покажаа својата цврста решеност да  нанесат удар и во овој сегмент од културното живеење. Покрај Лабина Митевска и Горан Тренчевски како режисери на двата национални претенденти  за оскар „Кога денот немаше име“ и „Златната петорка“,  со македонското неучеството во трката за „Оскар“, Алаѓозовски и Заев згазнаа и врз достоинството на буквално сите филмски работници во земјава. Во прилог на ваквиот самоуништувачки однос на актуелниот владејачки естаблишмент кон филмската индустрија, говори и податокот дека буџетот за поддршка на филмски проекти годинава е намален за цели триесет милиони денари, истакнува Вељаноски.

Тој потенцира дека граѓаните на Република Македонија, но и филмските работници многу добро знаат дека ваквите непромислени и самоуништувачки чекори за македонската култура ќе доведат до потполно уништување на филмската индурстија во земјава.

-Граѓаните со право се прашуваат кому тоа му пречи македонскиот филм и неговата промоција надвор од границите на државава. Само за потсетување во времето на владата на Никола Груевски во периодот од 2008 – 30 мај  2017 година завршени се вкупно 147 филмски проекти од кои : 112 со македонски мнозински удел и тоа 25 долгометражни и 87 краткометражни филмови, а уште 30 долгометражни и 5 краткометражни филмови каде Македонија има малцински удел. Ова е фрапантната разлика во состојбите со македонскиот филм од пред само четири месеци до сега. Паролата дојде живот се покажа како погубна за целата македонска култура а особено во делот на филмската уметност која доживува драматични падови во сите нејзини сегменти. Почитувани, оваа насилна формирана влада многу бргу ќе го доживее својот крај. Со тоа ќе запре агонијата на целото општество вклучувајќи ја и културата како еден од неговите основни детерминанти. Првиот чекор за враќање на државата кон нејзините основни вредности ќе биде направен на 15 октомври кога со големата победа на локалните избори, ќе започне процесот на враќање на државата, додаде тој.

 
 

 

 

05.10.2017 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега