Смислете маскота на Скопје Сити Мол

Скопје Сити Мол под наслов “Нашиот херој” го објавува отворениот конкурс за избор на маскота. Конкурсот започнува на 26 август а последниот рок за пријавување на идејните решенија е 10 септември. Се повикуваат сите млади на возраст од 14 до 18 години преку графички решенија да ги споделат своите видувања за заштитниот јунак на Скопје Сити Мол.

Тричлена комисија составена од еден графички дизајнер, претставник од трговскиот центар и случајно избран претставник од средните училишта на територија на град Скопје ќе го направат изборот на 10 најинтересни и едно најдобро решение за маскота. Нај интересните 10 ќе бидат презентирани во форма на изложбата во рамки на Скопје Сити Мол , додека пак испраќачот кој ќе освои прво место ќе биде награден со премиум лап топ компјутер и други вредни награди а од самото решение ќе се изработи маскота во вистинските димензии која ќе биде за прв пат екслкузивно промовирана на прославата на годишнината на трговскиот центар на 4ти октомври.

Креативните предлози треба да бидат изработени во работен простор А4 формат (210 х 297мм) и цртеж сместен во простор А5 формат (210 х 148 мм) изработени во векторски и битмапски формат EPS, AI, CDR, JPEG I TIFF.

Решенијата ќе се испраќаат на мејл адресата konkurs@skopjecitymall.mk заедно со основни податоци и контакт детали (име,презиме,возраст и адреса на авторот) како и име на решението и кратот опис за мотивот и инспирацијата за креативата.

Пријавите за конкурсот што нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани. Доставените решенија не смеат да бидат претходно објавени. Скопје Сити Мол нема обврска да ги врати доставените решенија од овој конкурс.

Скопје Сити Мол го задржува правото да ги објавува решенијата во печатени, рекламни и електронски изданија.

Бидете имагинативни. Креирајте го Вашиот идеален, замислен херој и овозможете им на сите фанови на Скопје Сити Мол да уживаат во неговото друштво!

Сите заинтересирани кандидати, повеќе информации за учество на конкурсот можат да добијат на официјалната веб страна на Скопје Сити Мол: www.skopjecitymall.mk

26.08.2013 - 13:24
Фото: 
Сител

најчитано сега