Грабеж во скопски маркет

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе  кривична пријава  против 17- годишен А.М, 19- годишен К.Б, 20- годишен М.Х, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

Оттаму велат дека пријавените на 28.09.2017 година околу 16 часот и 30 минути во маркет на улица „Народен Фронт“ во Скопје,  при обидот да извршат кражба биле забележани и спречени од вработените. Притоа, А.М. нападнал еден од вработените, удираќи го со тупаници во пределот на главата и со М.Х. побегнале од маркетот.

Од страна на вработените К.Б. бил задржан во просторите на маркетот, а подоцна бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар. 

 

 

 

03.10.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега