Директорка на болница во Берово ја злоупотребила должноста и причинила огромна штета

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава  против 62- годишната М.Р од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. 

М.Р.  во својство на директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом-Берово, во текот на декември 2015 година, без да обезбеди согласност од Советот за јавни набавки, спровела постапка за набавка на стоки и склучила договор за набавка на медицински апарати со два економски оператори, со што направила  штета на Здравствен дом - Берово во  износ од 2.327.550 денари. 

 

 

 

03.10.2017 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега