Туристи од целиот свет ќе дојдат во Босна да го видат ова (фото)

Археологот Семир Османовиќ тврди дека пронашол необична карпеста форма во обилк на совршена топка во шумата кај Завидовиќ ( Босна и Херцеговина) и верува дека тоа е најстарата скулптура направена од човечка рака. Исто така, тврди дека тоа е доказ дека најстарата европска цивилизација има потекло од Босна. 
 
Тој нема никаков доказ дека оваа топка е само необично дело на природата, но Османовиќ кој веќе долго време тврди дека ја пронашол „Пирамидата во Високо“, вели дека тоа е доказ за поранешното  постоење на изгубената цивилизација која користела напредни технологии повеќе од 1.500 години.
 
Археологот камената топка ја пронашол во шумата на местот Подуборвље, а за неговото откритие пишувал и британскиот „Дејли Мејл“. 
 
Османовиќ е сигурен во своето откритие и тврди дека кога ќе заврши со своето истражување, светот ќе има докази дека во Босна и Херцеговина во минатото постоеле пирамиди повеќе и од Големите Пирамиди во Гиза и дека тоа ќе биде најголемото археолошко откритие уште од пронаоѓањето на Тутанкамоните гробници. 
 
Археологот, познат и како „босанксиот Индијана Џонс“, живее во Тексас и патува низ светот истражувајќи древни локалитети. 
 
Вели дека новоткриената камена топка „ е најтешката која човекот воопшто ја направил во историјата“. Инаку, топката е меѓу 1,2 и1,5 метри. 
 
Феноменот камени топки ги поврзува со разни древни цивилизации, а најпознатите се пронајдени во Костарика. 
 
Вкупно се најдени околу 300 и секоја е тешка околи 15 тони, а се верува дека ги направиле луѓе од древната Дикс култура, што значи дека се стари околу 1.500 години. Не е познато како успевале да ги направат такви совршени топки.
 
Ако се воспостави дека топката во Босна е направена од човечка рака, тоа ќе биде најголема таква топка која била некогаш пронајдена - два пати потешки од тие на Костарика 
 

 

 

03.10.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега